Во последните 24 часа регистрирани се 40 нови случаи на заболени од Ковид-19

Во последните 24 часа регистрирани се 40 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 549 тестови.

Распоредот на новозаболените по градови е следен:

Скопје – 26 Тетово – 10 Куманово – 1 Прилеп – 1 Битола – 1 Велес – 1

Истовремено, 11 пациенти се излекувани, а регистриран е и еден смртен случај. Почина пациент од Велес.

Со ова вкупниот број позитивни случаи во земјава достигна 1.898.

Излекувани се 1378, а починале 111 пациенти.