Во последните 24 часа: Две млади лица пронајдени починати дома

Министерството за внатрешни работи информираше дека во два одвоени настани пронајдени се две лица починати во својот дом. 

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, вчера во 12,50 часот во СВР Скопје од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека имало починато лице без видливи траги на насилство во стан на ул.„Ташко Караџа“.Се работи за С.А.(44) од Скопје.Од полицијата информираат дека извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.   

Во вториот настан, вчера во 20,00 часот во СВР Скопје од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека имало починато лице без траги на насилство во стан на ул.“Маџари“. Се работи за И.Ј.(43) од Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.