Во петок сонце и повисоки температури од сабота постудено со снег

Во текот на утрешниот ден од УХМР предвидуваат дека иако ќе дува ветер и температурите ќе бидат во пораст сепак на некои места ќе има врнежи од дожд, посебно тие ќе бидат пообилни во западните делови на Македонија. Во петок ќе имаме стабилизирање на времето.

Но убавото време нема да не послужи долго па затоа во сабота под влијание на студен и влажен бран се очекуваат врнежи од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 см. Ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица.

https://panel.ads.com.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=154&loc=https%3A%2F%2Fnezavisen.mk%2Fod-sabota-postudeno-i-sneg-2%2F&referer=https%3A%2F%2Fwww.bing.com%2F&cb=809156ba74Во Скопје во сабота времето ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од снег и ќе се формира помала снежна покривка.