Во Куманово фатени тројца скопски разбијници

Вчера, во Куманово беше разрешен случај на разбојништво, при што три лица на возраст 19-28 години се здобија со кривична пријава.

„На 22.07.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал во координација и соработка со СВР-ОКП Куманово, СВР Скопје, ЕВР Аеродром и Драчево и ЕВР Чаир, по преземени мерки и активности, расчистија кривично дело „разбојништво“ извршено на 23.02.2022 во Куманово, при што од едно лице биле одземени 3.745.000 денари во различни валути, а СВР Куманово против три лица поднесе кривична пријава по чл.237 од Кривичниот законик“, се наведува во соопштението на МВР.

Полицијата изврши претрес во домовите на тројцата осомничени, на четири локации, при што беа пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

Од страна на судија од Основен суд Куманово на пријавените лица им е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.