Во кои општини ќе се води „жестока борба“ за градоначалничката фотелја?

За престојните локални избори  кои ќе се одржат на 15 октомври во неколку општини ќе се води „жестока борба“ за градоначалничката фотелја.

  • Во Скопје има осум кандидати
  • Во скопската општина Чаир има шест
  • Во Гостивар има седум кандидати
  • Во Тетово има пет
  • Во Куманово, Струга и Дебар има по шест

Големи се шансите во сите овие општини, победникот да се знае дури во вториот круг.