„Мојата порта“, филм изработен од ученици од општинските основни училишта денеска со почеток во 12 часот вќе биде прикажан во Кинотеката на Македонија.

По прикажувањето на филмот ќе се одржи јавна трибина на тема „Надминување на насилното однесување на родителите врз децата“. На дебата ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и амбасадарот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс.

Кусиот игран филм е резултат на филмската работилница организирана од Општина Центар – Скопје и Меѓународниот филмски фестивал Киненова Скопје, а поддржана од Европската Унија и УНИЦЕФ.