Во киносалите од јануари: Семјуел Џексон, Брус Вилис и Џејмс МекАвој во трилерот “Стакло“

Познатите холивудски актери Семјуел Л. Џексон, Брус Вилис и Џејмс МекАвој ги имаат главните улоги во долгоочекуваниот хорор-трилер”Стакло“ (Glass) кој во киносалите пристигнува во јануари следната година.

“Стакло“ е ново режисерско остварување на успешниот режисер, сценарист и копродуцент М. Најт Чамалан, и е продолжение на филмовите “Unbreakable” од 2000 и “Split” од 2016 година.

Чамалан го поврзал дејствието со главните ликови од овие филмови. Во филмот “Стакло” тие се пациенти во лудница, бидејќи веруваат дека се оживеани ликови од стриповите.

Покрај овие тројца актери во филмот играат и Сара Полсон во улога на психијатар, а се враќа и познатиот лик на жртвата Кејси Кук од “Split” кој е игран од страна на Ања Тејлор Џој.

nike air max 1 sale