Во Израел се појави птичји грип во природен резерват

Повеќе од 5.000 диви птици преселници угинаа како последица на птичји грип во природниот резерват Хула во северниот дел на Израел, а властите го прогласија популарното место затворено за посетители и најавија можен недостиг на јајца бидејќи домашната живина во тој дел на земјата се уништува поради претпазливост.

– Ова е најлошиот удар за дивите животни во историјата на нашата земја, напиша израелската министерка за животна средина Тамар Зандберг на својот твитер-налог.

Припадниците на надлежната служба собираа угинати диви птици во заштитни одела од езерото во природниот резерват Хула и од околните мочуришта и бари.

Израелските медиуми предупредија дека децата кои го посетиле резерватот можеби биле во контакт со вирусот и на тој начин придонеле за ширење на инфекцијата, а израелските власти најавија увоз на јајца за да спречат недостиг.