Во Илинден започна реконструкција на пешачка патека во должина од 600 метри

Започна реконструкција на пешачката патека на улица ,,2” во населба Илинден. Пешачката патека е во должина од 620 метри и широчина од 1,5 метри, која се протега од надвозникот на влезот во општина Илинден се до раскрсницата на улиците ,,8” и ,,9”.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој направи увид во градежните активности, истакна дека потребата за реконструкција на оваа пешачка патека се јави поради оштетувањата кои беа направини при инсталацијата за обнова на електроенергетската мрежа. Изградбата на патеката ќе придонесе за подобрување на безбедноста во сообраќајот, особено на пешаците и велосипедистите.

Општина Илинден најави и во наредниот период ќе продолжи да инвестира во безбедноста на сообраќајот и унапредување на истиот, со што ќе бидат изградени пешачки и велосипедски патеки во повеќе населени места.