Во Драчево се гради нова водоводна мрежа

Во Драчево на ул. „Малешевска“, ЈП „Водовод и канализација“ во соработка со Општина Кисела Вода гради над еден километар нова водоводна мрежа.

За таа цел, градоначалникот Филип Темелковски заедно со генералниот директор на јавното претпријатие Душко Весковски направи увид во работните активности за изградба на мрежата.

По завршувањето на реконструкцијата голем број жители ќе добијат подобро водоснабдување.