Во центарот на Скопје ќе се вози по изменет режим, пристигнува странски државник

Денеска во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателот на Италија, Серџо Матарела.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.