Внимавајте што постирате на Фејзбук- за да не бидете казнети

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 64-годишниот Б.С. од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

На 15.03.2019 година на социјалната мрежа „Facebook”, пријавениот од неговиот кориснички профил објавил порака со која повикувал на насилство.