Внимавајте како возите по овој патен правец, забележани се одрони

Внимателно како возите по магистралата А3 и патот Делчево- Македонска Каменица- Кочани, откако утрово нови поголеми одрони се забележани во близина на село Истибања. Од фотографиите испратени од возачи може да се забележи како се паднати карпи на дел од коловозот, а сообраќајот засега се одвива по местото каде истите можат да се заобиколат.

Од Макдонија Пат информираа дека нивни екипи со механизација веќе се упатени кон месноста Драките каде се наоѓаат одроните, се со цел истите да бидат отстранети.

- “Се работи за поголеми карпи на терен кој е подложен на одрони и каде во минатото имаше и поголеми такви карпи, заради што возачите секогаш претпазливо се движат на оваа релација. Во очекување сме расчистувањето да заврши бргу и сообраќајот повторно да се одвива без проблеми по двете коловозни ленти“, информираа од Македонија Пат.

Од Македонија Пат апелираат да се почитува сигнализацијата и да се приспособи брзната на самата делница.

Во изминатите неколку години овој патен правец често е подложен на паѓање на карпи заради што во неколку наврати истиот беше дополнително обезбедуван.