ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје ќе ја кандидира Данела Арсовска?

Актуелната претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска според се уште непотврдени информации е можен кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, дознава и пренесува ТВ21 од свои неофицијални партиски избори.

Арсовска е на чело на Сојузот од 2014 година. Претходно беше член на Управниот одбор и претседател на Услужна комора. Таа е член и на Советот за јавно приватно партнерство во Владата на Република Северна Македонија. 

Останува во следниот период да видиме дали од партијата ќе ги потврдат овие информации и официјално Арсовска, како надпартиски кандидат, ќе му се спротивстави на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ Петре Шилегов.