ВМРО-ДПМНЕ против целосен полициски час за време на викендот

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не се согласуваат со предложената мерка за целосен полициски час за време на продолжениот викенд.

„Нелогично е да се најавува дека рестораните ќе работат од вторник, а да е задолжително седење дома за време на целиот продолжен викенд. Со други зборови, недела и понеделник за Владата на СДСМ е опасно, а во вторник не е“, го објаснуваат својот став од партијата.

Од таму потсетуваат дека и за празникот Велигден сметале оти престрога била мерката за целосен полициски час, а сега истото го тврдат и за празникот Бајрам.

Велат дека на овој начин се нарушуваат човековите слободи и права.

„Воедно, со ваквите мерки СДСМ свесно влегува во провоцирање тензии и конфликти меѓу населението и ја изложува полицијата во непосакувана улога“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.