ВМРО-ДПМНЕ бара намалување на акцизата за горива за 50%

Последните поскапувања на горивата уште повеќе ќе ја разгорат инфлаторната спирала во Македонија. Горивата на година ипол поскапеа за над 80% и имаат директна импликација врз цената на транспортот, храната, услугите и производите кои ги користат граѓаните. Но власта на СДСМ и ДУИ абер нема да ги намали акцизите и таксите со цел да им излезе во пресрет на граѓаните и стопанството, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека потребно е итно и неодложно прифаќање на мерката за намалување на акцизата кај горивата за 50%, со која дизел горивото би биле поевтини за 9,5 денари, а бензините за цели 13 денари.

-Дополнително бараме да се намали данокот на додадена вредност за производите за исхрана и за топлинската енергија, односно парното да бидат со 0%, а ДДВ за електричната енергија да биде 5% и во остатокот од 2022 година. Ова значително ќе го намали ценовниот шок и ќе го заштити стандардот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.