Владина делегација оддаде почит на браќата Кирил и Методиј

Во пресрет на утрешниот голем државен празник, 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, Владата на Република Северна Македонија организираше настан во чест на просветителите кои го втемелија македонското писмо. Владина делегација, предводена од министерка Каја Шукова и заменик министер Митко Бојмацалиев, положи цвеќе на споменикот на Свети Кирил и Методиј пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, оддавајќи почит на нивното дело од огромно значење за македонскиот јазик, идентитет и култура.

Во изминатите години, Владата активно работеше на заштита и унапредување на македонскиот стандарден јазик, обезбедувајќи негов континуитет. Македонскиот јазик веќе две години е рамноправен со официјалните јазици во институциите на Европската Унија. Овие достигнувања се резултат на мудри и проактивни политики, кои го истакнуваат значењето на јазикот за националниот идентитет и култура.

Гледајќи кон иднината, Владата потенцира важноста на натамошна афирмација и интеграција на македонскиот јазик во демократското семејство на јазици, народи и култури. Ова претставува не само заштита на културното наследство, туку и негово активно учество и признавање на глобалната сцена.