Владата решавала за државјанството на Викторија Лоба

Во петокот Владата на Република Македонија ја одржа 51-та седница на која прва точка од дневниот ред беше барањето на пејачката Викторија Лоба да добие државјанство на Република Македонија.

Младата пејачка, која родена во Русија, веќе петнаесетина години живее и твори во Македонија и долго време е присутна на поп естрадата. Не е соопштено зошто токму сега побарала македонско државјанство.

Исто така, не е соопштено како се изјаснила Владата, но упатените велат Лоба без проблем ќе добие македонски пасош.