Довербата треба да биде основа на секој меѓучовечки однос, без разлика дали станува збор за љубовта или пријателството.
Photo by JESHOOTS.COM on Unsplash
За жал, многу луѓе се плашат да се отворат и да веруваат некому, затоа што се плашат од предавство, недоразбирање, осудување... Од каде знаете дека на некој човек може да му се верува? Како да изберете сродна душа или пријател? Првиот знак кој можете да го забележите: Добриот човек е скромен, и тоа се гледа на него.
Личноста која се фали со своите достигнувања додека ги омаловажува туѓите постапки не е многу доверлива личност. Со таква личност треба да бидете внимателни. Понизниот човек не зборува лошо за другите и не зборува многу за себе, напротив, дозволува неговите постапки да зборуваат сами за себе.
Добриот човек ги почитува туѓите мислења и различноста на луѓето. Има луѓе кои се гледаат само себеси и ништо друго освен себеси. Тие имаат свое разбирање, тоа е најправилното разбирање на светот и секој што не се согласува со тоа е или глупав или луд. Тоа е многу погрешно размислување.
Добриот човек ќе ја почитува различноста на другите луѓе, дури и кога нешто не му се допаѓа или не одобрува. Добриот човек дозволува секој да биде онаков каков што сака, и не го осудува тоа. Добриот човек не зборува многу. Тој не ги коментира другите луѓе и не ги открива нивните тајни.
Добриот човек не учествува во негативни озборувања за другите луѓе. Добриот човек е мирен. Нема да го видите како го истура својот бес на другите луѓе или како се расправа за глупави работи. Дури и кога е неправедно осуден, добриот човек нема да вика на сиот глас затоа што знае дека секогаш кога ќе го добие заслуженото и дека правдата ќе биде задоволена.
Човек на кој може да му се верува нема постојано да се предомислува, нема да исчезне без најава, јасно ќе се држи до своите ветувања. Добрината е постојана во секој поглед. Ќе забележите дека добар човек е секогаш тука за вас кога ви треба, дури и кога не сте биле добри со него.
Од друга страна, лошиот човек ќе биде со вас само кога ќе ви треба. Размислете добро.