Вистинска атракција: Чичко Миле возел „Фиќо“ од Гевгелија до Швајцарија (видео)

Чичко Миле од Гевгелија 43 години бил професионален возач на товарни камиони. Денес е во пензија, тој е најстариот вљубеник во овој добар стар шармер на четрири тркала.

Го купил од неговиот прв сопственик, го дошминкал, по малку сменил и внатрешност и го подготвил за изложби ширум Европа. Најдалеку досега, возеле до Швајцарија.

На скоро сите патувања и изложби досега, Фиќото на Миле било вистинска атракција. Секое патување наместо со скршена спојка се завршувало со признание и награда.

Нема пари кои што можат да ја купат оваа југословенска љубов.

На 18 ноември 1985 година, Фиќо ја напушта производната лоинија во фабриката во Крагуевац. 16 години подоцна се раѓа Кристијан. Нема ништо заедничко со Југославија, но има со чичко Миле. Ако овој вториот е најстариот, Кристијан е најмладиот љубител на Фиќо но и учесник на Фиќијадите ширум Европа.

Вели ако научиш да возиш Фиќо, ќе можеш се да возиш.

Секаде на време и секогаш оригинални. Љубовта кон фичото не е бурна. Напротив, тивка е и спокојна. Данте Гикоса може го дизајнирал само за потребите на среќните и трпеливи југословенски семјества. Но не знаел дека и 6 децении подоцна, кога семејствата наместо југословенски, ќе бидат српски, хрватски или македонски, одморот во Дубровник со Фиќо, ќе се прераскажува со генерации.

Видео: Сител