Видео: Странец - возач во белградскиот јавен превоз се изгуби по градските улици

Во јануари годинава околу 30 возачи од странство пристигнаа во Белград, кои потоа беа вклучени во градскиот јавен превоз, но на социјалните мрежи се појави видео кое изненади многумина.

Еден возач од странство се загуби низ градските улици, откако со автобусот продолжил да се движи во погрешен правец, па еден од патниците на англиски јазик мораше да му објасни каде да продолжи да се движи.