Видео: Пожарникари на Родос наидoa на жеден елен среде пожар

Во Грција со денови беснеат пожари, а додека огнот зафаќа повеќе региони во земјата, најкритично е на Родос. Борејќи се со огнената стихија, грчките пожарникари и нивните колеги од другите земји, освен што се грижат за луѓето, не заборавија ниту на животните.

Хуманоста на пожарникарите најдобро ја докажува вирално видео, кое неодамна се појави на фејсбук-страницата „Piraeus Press“, во кое може да се види како на високи температури, среде гаснење пожар, овие храбри луѓе му помагаат на жеден елен. Видеото расплака многумина.

Иако на овој остров умреле многу животни, особено елените, кои се симболи на Родос, преживеаните животни биле спасени од пожарникарите.