ВИДЕО: Обвинетите за убиството на Саздо не чувствуваат вина

Скендер Демири и Бесир Беља обвинети за убиството на Никола Саздовски Саздо кои денеска прв пат седнаа на обвинителна клупа, не чувствуваат вина.

Тие се изјаснија како невини за делото кое им се товари.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј.Љ.(19), кој е во бегство, на 29 јуни годинава крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката Алкалоид на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда. Тие му пристапиле на Саздовски  и му побарале лична карта. Откако им ја покажал неочекувано започнале заедно истовремено да го удираат со боксови во пределот на главата и градите, нанесувајќи му тешки телесни повред, од што паднал во кома. Од здобиените повреди Саздовски на 9 јули почина на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.