Новинарка на прес-конференцијата на Владата го искара министерот Крешник Бектеши затоа што кажа „Република Македонија“, а не „Република Северна Македонија“.
Инцидентот се случил на прес-конференцијата на која Бектеши раскажуваше зошто го поддржал отворањето на рудникот Иловица-Штука, кога новинарката Александра Дуковска реагираше бурно и го искара министерот.
- Зборувате за непостоечка држава. Зборувате за државата на која името ѝ е променето, а стоите тука покрај три знамиња – реагираше Дуковска.
Бектеши потоа на новинарката ѝ одговори дека кажал „Република Македонија“ зашто цитира документи кои се донесени кога името на државата било Република Македонија.
- Нема никаков проблем да не кажувам Република Македонија, ѝ објасни Бектеши.