Видео: Како изгледаше просторот пред изградбата на мега-паркот „Даме Груев“

На место на една од најголемите диви депонии во Скопје со површина од над 50.000 квадратни метри беше изграден мега-паркот „Даме Груев“ во општина Ѓорче Петров.

- Со реализација на овој проект кој е дел од програмата „За модерно Скопје“, делуваме со цел долгорочно унапредување, заштита и зачувување на животната средина, информира градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Во паркот се финализираше изградбата на паркингот за посетители, се поставува урбана опрема, а во тек е и изградбата на детско игралиште, игралиште за миленици, фитнес зона и инклузивно игралиште.