(ВИДЕО) Хитот од деведесетите кој го слави Скопје во изведба на легендарниот Драган Михајловски

Се потсетуваме на една хит песна посветена на Старата скопска чаршија - белегот на Скопје. 

Песната „Старата Скопска Чаршија“ во изведба на Драган Мијалковски е хит од деведесетите години на минатиот век, а несомнено буди убави емоции кај случателите и старите скопјани. 

-Песна за срце, мерак и душа. Посветено на неуништливата Старата Чаршија во Скопје, моите драги сограѓани и на мојот роден град. Музиката и љубовта се храна за душата, душата е неуништлива, а неуништливо живее вечно, вели еден скопјанец.