Видео: Бугарски рапер доби над 100 закани поради навредлива песна за Македонија

Бугарскиот рапер Иван Динев - Устата реши да објави провокативна песна во која ја навредува Македонија и македонскиот јазик, а тоа ги изнервира македонските граѓани.

-Здраво, како постапувате кога ќе добиете смртна закана и што правите ако ги има над 100? Прашувам за пријател“, напиша раперот на Фејсбук.

Овие закани доаѓаат поради песната во која вели дека „македонскиот јазик е бугарски дијалект“.