Весковски: За Карпош да стане паметна општина со зголемена интеракција со граѓаните!

-Нашата политика во наредните четири години е развој на „Паметна општина“ преку дигитализација, односно употреба на ИКТ, што придонесува за зголемување на оперативната ефикасност, споделувањето и разменувањето информации со јавноста и го унапредува квалитетот на општинските јавни услуги и благосостојбата на граѓаните, вели кандидатот за градоначалник на скопската општина Карпош Душко Весковски.

Реализацијата на оваа политика вклучува: поголема партиципативност на граѓаните во планирањето и креирањето на буџетот на Општината, поголема контрола на буџетските трошоци и нивно намалување, подобрување на услугите и интеракцијата со граѓаните, ефикасно планирање и одржување на инфраструктурата, ефикасно и подобро управување и наплата на даноците, појаснува тој.