Весковски: Нов парк во Карпош 4 на површина од 86 илјади метри квадратни

Големиот зелен парк спроти Карпош 4 е еден од клучните проекти, чија реализација е веќе започната со расчистувањето на теренот што беше користен како дива депонија. Ова во денешното известување во медиумите го најавува кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ за општината Карпош, Душко Весковски. 

Весковски вели дека неговата цел е да продолжи со реализацијата на овој проект, со што на површина од 86.000 м2 ќе се изгради ботаничка градина и тематски содржини за сите генерации. Ќе се подобри квалитетот на урбаното живеење на карпошани, но и ќе придонесе за зголемувањето на зелените површини во општината, за најмалку 20 % до крајот на 2025 година.

Живееме и работиме во време на дигитализација и брз напредок на технологијата, но во ниеден момент не смееме да заборавиме на спортските и рекреативни активности, маалскиот живот, дружбите, детската смеа по парковите, првите симпатии на некоја „наша клупа“ и пензионерските денови минати во дружба со пријателите на партија шах, додава Весковски.