Велосипедистите прашуваат: Како тоа нема место за велосипедски ленти? (фото)

„Ни викаат: Нема место за велосипедски ленти! Зошто да нема место за велосипедски ленти, а низ градот има многу коловозни ленти кои секогаш се блокирани од коли со изговор „се враќам за 5 минути“, „само да завршам работа“, „чекам некого“? Пред кафичи само да пијат кафе, пред трафики само да купат цигари, пред обложувалници само да уплатат ливче, пред банкомати само да извадат пари…“

Оваа преку социјалните мрежи го соопшти иницијативата НаТочак, која заедно со пријатели-волонтери спроведуваат акција, приказна во неколку продолженија.

Вело-активистите прашуваат како тоа градот секогаш има место за цели резервирани ленти кои се блокирани од паркирани коли, а нема место за велосипедски ленти на кои ќе се одвива велосипедски сообраќај?