Велосипедистите и нивното секојдневно искуство од движењето низ градот

Агенција „Рејтинг“, во соработка со Архитектонскиот факултет, инеформалното здружение „На точак“, спроведе интернет-анкета со која беа опфатени 895 испитаници.

Целта на истражувањето, за потребите на Општина Центар, беше да се обезбедат податоци од граѓаните и нивното секојдневно искуство од движењето низ градот, за проблемите со кои се соочуваат додека користат велосипед како транспорт. Се со крајна цел - подобрување на условите за возење велосипед и подобрување на самата велосипедска инфраструктура во општина Центар.

Според резултатите од анкетата, високи 60,8 отсто од испитаниците што се изјасниле дека возат велосипед, истакнале дека го користат како превозно средство, а 66,9% отсто од нив секој ден или неколку пати неделно. За рекреација го користат 27,3 отсто од испитаниците, 8,9 отсто за спортување, а само 2,4 отсто изјавиле дека не возат велосипед. На 96,7 отсто од оние што возат Центар им е секојдневна рута.