Велосипедист удрил во пешак и тешко го повредил

Вчера во 11.45 часот пријавено е дека во село Студеничани, скопско, 15-годишник од село Студеничани, управувајќи велосипед, удрил во четиригодишно дете од истото село.

Според информациите на полицијата од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош.