Велковски: Со доаѓањето на новата власт пензиите ќе бидат зголемени за 5.000 денари линерално

На овие избори нема да се дозволи поткупот на гласачите, посебно кај онаа категорија ранливи граѓани како што бевме сведоци пред четири години, уверува министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.

Тој во интервјуто за „Република“ потсетува дека пред четири години се делеа пакети на одредена група на граѓани и присуство во самите домови на корисниците на таа помош но оти ова сега нема да се повтори.

- За ова има и снимки и докази кои за жал не се процесуираа.Има механизам ова да се спречи. Притисокот треба да биде врз Центрите за социјална работа бидејќи тие се во директна комуникација со крајните корисници.Сакаме да го спречиме она „јас ќе ги завршам работа“ за туѓа нега или социјална помош.Пораката кон директори на социјална работа, во центрите и во министерството е дека се што е надвор од закон ќе биде санкционирано.Сите пред законот треба да бидеме еднакви и треба да им помагаме на граѓаните само според закон.

Министерот ветува и зголемување на пензиите и оти покачувањето од пет отсто за март е само обично порамнување.

- Најголем проблем е нерамномерниот раст на пензиите.Оној што зема минимална пензија ќе му се зголеми 400-500 денари, а оној што зема висока пензија зголувањето ќе биде околу 2500 денари. Затоа министерот предлага да се врати линеарното зголемување на пензиите. 

- Сегашниот систем буди несигурност кај пензионерите.Затоа разговарам со Здруженијата на пензионери и тие бараат зголемувањео на пензиите да биде линеарно. Разгледуваме и колку средства имаме во буџетот, во пензионскиот фонд.Состојбата е катастрофална иако не сакам да ги плашиме пензионерите. Но, средства ќе се најдат ќе релоцираме средства кои што овие години беа украдени од СДСМ и ДУИ и беше опостушен буџетот на Македонија а не се грижеа за зголемување на пензиите.Со добро менаџирање и домаќинско работење ќе дојдеме до ситуација на пензионерите веќе во првата година да ги зголемиме пензиите.Она што го разговаравме со лидерот Мицкоски е дека можеме да дадеме зголемување од 5.000 денари на сите пензионери подеднакво.Ова е ветување што ќе го исполниме, ветува министерот во интервјуто за „Република.“