Вечерва промоција на „Момент-документ“ – книга за музичките настани во Скопје од 2007 до 2020 година

Во Младинскиот културен центар вечер од 18 часот ќе биде промовирана книга фотографии „Момент-документ“ од Зденко Петровски, издание на МКЦ, во рамки на настанот „30 години Канал 103“. Книгата ги документира музичките настани одржани во Скопје во изминатите 15-ина години.

– Авторот  Петровски страсно и посветено ја живее фотографијата и музиката. Книгата е извонреден приказ за живата музичка сцена во Скопје во период од 2007 до 2020 година. „Момент-документ“ ќе остане како документ за едно време, луѓе и настани што Скопје и неговите граѓани заслужуваат да го имаат и за идните генерации, соопшти МКЦ.