Вечерва на „Скопско лето“: Концерт на хорот на Опера и балет на Зелениот покрив на ГТЦ

Вечерва, (22.06.2021, вторник) ќе се одржи концерт на хорот на Национална Опера и Балет со почеток во 21:00 часот на Зелениот покрив на ГТЦ.

Диригенти / хор – мајстори се Јасмина Ѓорѓеска и Ѓурѓица Дашиќ, пијано придружба на Јанинка Невчева, а режисер е Трајко Јордановски.

Учествува Хорот при Националната опера и балет, а испициенти се Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски. Ќе се изведуваат делови од оперите „Кармина Бурана“, „Набуко“, „Трубадур“, „Травијата“ и „Кармен“.

Концертот е во соработка со Националната опера и балет. Влезот е слободен, а концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани.

Проследете го и каталогот за целосната програма за овогодишното 42. издание на „Скопско лето“ на следниот линк: https://issuu.com/skleto/docs/katalog_skopsko_leto_2021/13?fbclid=IwAR0Zo687HfQ9DmOa1VW54uygLvobOG-K2ASMMWwC1ZgtHO0prOfFKsOpEYM