Ве молам само да ме оставите на мир – одамна не барам ништо од никого!

Одамна не барам ништо од никого. Не барам да ме разбираат, ниту да ми дадат нешто. Не барам да ми помогнат, ниту да ми веруваат, ниту да ме сакаат. Уморна сум од тоа да барам што било, освен едноставно да си го живеам животот и да уживам. Од својот дом направив остров со мал мост за оние кои не сакаат да се натпреваруваат со мене. За оние кои почитуваат туѓо мислење. За оние кои не бараат да им се признае дека се поправедни, подобри или поразумни.

Мостот е за оние кои не се секогаш способни да бидат поправедни, подобри и поразумни затоа што исто како и кај мене, секакви денови им налетуваат во животот и ги изненадуваат нови борби. За оние кои животот доволно ги размрдал и кои не бараат ништо освен тоа другите да не им попуваат, да бидат она што сѐ, она за кое имаат сила да бидат. Немам повеќе нерви за оние кои знаат сѐ, а не си го гледаат сопствениот двор. Ниту за оние кои постојатно ми зборуваат за маните на соседите, а и самите тие се преполни со мани. Не можам повеќе да го трошам моето скапоцено време на оние кои сакаат само да зборуваат, уверени дека нивните проблеми се поголеми од проблемите на другите и дека смао нивните проблеми се важни.

Немам нерви ниту за оние кои пцујат додека ги гледаат политичарите, а кои не мрднале прст за подобро утре и кои на избори секогаш го бираат „помалото зло“. А богами немам нерви ни за оние кои на детето му купуваат само скапи облеки затоа што мислат дека само така ќе биде среќно дете. Не го разбирам тоа, но тука и нема што да се разбере, секој си го воспитува детето најдобро како што знае.

Немам трпение ни за оние кои мислат дека сите треба да трчаме околу нив, инаку не сме им добри, кои не разбираат дека си под стрес до таа мера што не можеш да си дозволиш да седнеш и да филозофираш со часови за животот кога мораш да се грижиш за детето и дека тоа ти е приоритет во моментот. А па воопшто немам разбирање и трпение за оние кои луѓето ги пикаат во некакви шаблони.

Ве молам оставете ме на мир. Признавам дека не сум секогаш во право, не сум секогаш добра, не разбирам сѐ. За многу работи не можам да зборувам, исто како што не можам да зборувам за нуклеарна физика затоа што не ја разбирам, а не ме ни интересира.

Јас имам само малку сила. Имам малку сила за овие работи:

Да пишувам – затоа што само така се ослободувам од болката, од несовршениот свет, од несовршената јас.

Да верувам на начинот на кој верувам.

Да сакам на единствениот начин на кој знам, на начинот на кој ме научила борбата со овој превртлив свет, затоа што само така животов има смисла.

Да се грижат, затоа што не знам да не се грижам, дури и повеќе отколку што треба. Па и по цена да бидам самодеструктивна.

Да бидам пречувствителна, затоа што не знам да бидам помалку од тоа, иако сум свесна колку ме исцрпува сето тоа.

Да направам сигурна оаза од мојот остров од пет жители, тројца луѓе и две домашни миленичиња, оаза во која не треба да бидам најдобра, туку да бидам она што сум. Остров на кој луѓето кои ќе дојдат на посета ќе го почитуваат мирот, доблестите и маните.

Јас навистина повеќе не барам ништо од никого.

Освен да ме остават на мир и да бидам она што сум. Ако некому тоа смета, може да си оди. Ако им е чудно, нека се чудат. Ако им е смешно, нека се смеат.

Мене оставете ме да бидам она што сум и да се обидам да научам како да бидам она што сум и како навистина да сакам со цела душа.