Васил Гарванлиев, малото слатко момче кое македонската јавност најпрво го запозна преку песната „Марионка“ на Златно славејче, деновиве ја објави својота прва песна по десетици години пауза од кариерата. 

Особена чест ми е да споделам со вас еден мал дел од мојот нов проект со наслов “Ѓердан.”

Овој момент го чекав повеќе од 20 години и е главната причина поради која денес сум тука, во мојот роден крај. “Ѓердан” е песна за сите нас, за нашите искуства и приказни.“ - напиша Гарванлиев на својата објава на фејсбук. 

Текстот на песната е на Весна Малинова, аранжанот на Тиран Тавитјан, а музиката на Саша Драгич. Во неа Гарванлиев пее за убавините на родната земја.  Спотот е снимен на неколку локации во Македонија.