Вандали оштетувале дрва во Аеродром

Во текот на вчерашниот ден по пријава на граѓани, екипите на ЈП „Парков и зеленило“ утврдиле оштетување на садници на кејот на реката Вардар во скопската Општина Аеродром. Според нив, непознат сторител оштетил повеќе дрва од дрворед стар повеќе од 10 години. Дрвата се од врстата Јасен, а се засадени пред повеќе од 10 години.

-„Градот Скопје го осудува овој вандалски чин со кој е нанесена материјална штета, но и нагрдување на јавните зелени урбани површини и истиот ќе го пријави до надлежните служби. Апелираме до граѓаните да не ги оштетуваат зелените јавни површини, односно садниците во парковите и дрворедите, цветните фигури и цветните расади коишто ги красат парковите и зелените површини низ градот, како и да не ја уништуваат урбаната опрема низ парковите“, стои во официјалната реакција од Град Скопје.

Вакво однесување на поединци или групи не е реткост во нашиот град. Мотивот за оштетувања дрва не е познат, но веројатно е и невозможно да се објасни, зошто некој би имал потреба да оштетува дрва кои влијаат позитивно на животната средина и го разубавуваат градот.