По мирната ноќ без потреси, утрово во скопското подрачје е регистриран послаб земјотрес.
Од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ за КУРИР потврдуваат дека земјотресот е почувствуван во 8 часот и 11 минути со интензитет од 1,5 степени.
Поголемиот дел од граѓаните воопшто не го почувствуваа овој мал потрес, а во дел од медиумите се појавија и информации дека неговата јачина изнесувала 3 степени.
Сепак, според официјалните информации од Сеиозмолошката опсерваторија, станува збор за послаб земјотрес со јачина од 1,5 степени.
Потресот воопшто не е регистриран на сајтот на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.