Утре во Скопје „Парада на гордоста“

Третото издание на парадата на гордоста ќе се одржи утре во Скопје, под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“

Прајдот останува важна форма на протест на ЛГБТ+ заедницата против стигмата, предрасудите и насилството, велат организаторите кои за денес најавуваат прес конференција на која ќе бидат познати деталите за настанот. 

„Манифестацијата е настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе. Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество", се вели во соопштението испратено до јавноста.