Уметничкиот колектив „Атриум“, инспирирани од делото на Клаус Пол „Waiting room – Germany“, ќе ја постави документарната театарска претстава „Чекална“, која е заснована на претходно истражување за начините на кои транзицијата се одразила врз личното секојдневие на луѓето во изминативе 3 децении, пренесуваат од Радио МОФ.
Претставата премиерно ќе се одигра на 24 август, среда, и 25 август, четврток во „Денсинг салата“ на Младинскиот културен центар (МКЦ) со почеток во 20 часот.
„Во текот на истражувачкиот процес, интервјуиравме луѓе со различна културолошка, јазична, психосоциолошка и егзистенцијална позадина, и би сакале да им изразиме
бескрајна благодарност што се осмелија да ни споделат лични и интимни сведоштва, кои пак, го добија својот драмски облик“, истакнуваат од „Атриум“.
Картите се достапни на веб страницата и билетарата на МКЦ по цена од 300 денари.