Утре променливо и облачно, од наредна недела 20 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде -2 а максималната до 9 степени.

Потоа следува период на стабилно и суво време со пораст на температурите. Значително потопло ќе биде во недела и на почетокот од следната седмица каде температуратурите се очекуваат да достигнат до 20 степени.