Утре без вода ќе биде голем дел од Општина Сарај

ЈП “Водовод и канализација“ известува дека утре поради отпочнување со реконструкција на ПС Сарај (прва фаза), ќе има прекин на водоснабдувањето во населените места Сарај, Глумово, Долна Матка, Горна Матка, Љубин и Арнакија во периодот од 9:30 до 18:00 часот.

Во првата фаза од реконструкцијата ќе се изврши замена на затворачите и комплетно електромоторните погони на поле број 3 и поле број 4.