Утре без вода делови од Сарај и Бутел

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 21.09.2022 година (среда),во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од селата Копаница и Буковиќ. (Општина Сарај).

Прекинот во водоснабдувањето е поради изведување на зафати за реконструкција на резервоарот во село Копаница.

Pоради реконструкција на водоводна мрежа од ф - 100 мм на раскрсница меѓу улиците Бутелска и Марко Крале, во периодот од 08.30 часот па се до завршување на работата утре без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Марко Крале. (општина Бутел)