Утре автобусите на ЈСП ќе возат по неделен возен ред

Од ЈСП информираат дека утре, среда (28.08.2019 година), поради верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

По делничен возен ред ќе сообраќаат само возилата на приватните превозници, односно линиите 11, 11А, 47А, 55 и 55Б.

Дежурни ќе бидат три билетарници и тоа:
Транспортен центар 7-19.30 часот
Зелено пазарче 7-19.30 часот
Ѓорче Петров 7-13 часот