Уште три дена календарски доаѓа пролетта, а понатаму и летното сметање на времето

Уште три дена календарски ни пристигнува пролетта. 

Имено, на 21. март на Северната полутопка ќе настапи годишното време пролет. Во исто време, за жителите на јужната хемисфера, започнува есента.  

До крајот на месецот се очекува и почетокот на летното сметање на времето. 

Според податоците летното сметање започнува рано изутрина на 31. март. Стрелките одат еден час нанапред, па така времето во 02 часот, од 31.ви март 2024 се смета како 03 часот. Секоја година летното сметање се случува во последниот викенд во месец март.