Уште едно дете во градинка од Аеродром позитивно на КОВИД-19

Уште едно дете кое го посетувало клонот “Чекорче” на градинката “Срничка” во Аеродром е позитивно на Ковид-19, потврдија од министерството за труд и социјала.

Од таму информираат дека детето било згрижено во друга група, и немало контакт со заболените брат и сестра кои оделе во истата градинка.

Денеска е коронавирус е потвреден кај уште вработен како техничко лице во градинка во Куманово, но од министерството тврдат дека немал контакт со децата и воспитувачките.