Уништена шума на Водно: „Она од што најмногу стравувавме се случи“

Иницијативата за спас на Водно од гасоводот, Го сакам Водно на својот профил на фејсбук објави дека без решение за измени во тек на градба е уништтена шумата на потегот Бел Камен Бункери.

Само напред, се уништете, без закони и прописи!!! Она од што најмногу стравувавме, рестартирање на градбата и сеча на шумата на Водно, се случи! Уништена е шумата на потегот Бел Камен Бункери. Без најава! Без решение за измени во тек на градба! Немаме информации дали Град Скопје издал ново Решение за сеча, сегашното, кое е крајно дубиозно, важи до 1 март, петок. Ако издаде, заедно со МЕР се директни учесници во овој дрзок и криминален чин!, објави иницијативата Го сакам Водно.