УЈП ја објави најновата листа на должници – кој колку должи?

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.06/2018 за долгови доспеани до 28.02.2018 и неплатени до 31.05.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.06/2018 објавени се 2.073 должници – правни лица (помалку за 92 од претходната листа) и 2.042 физички лица (помалку за 183 од претходната листа). Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.06/2018 изнесува 10.040.069.587денари (повеќе за 1.302.307.168 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.904.950.423 денари (повеќе за 1.314.464.777денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 135.119.164 денари (помалку за 12.157.609 денари од претходната листа).

Листата на должници можете да ја погледнете тука.