УХМР предупредува за можност од невреме и силен дожд

Управата за хидрометеролошки работи предпупредува дека под влијание на циклонска активност над Апенинскиот Полуостров која се приближува кон нашето подрачје, во наредните денови ќе се задржи нестабилно време со повремени врнежи од дожд.

Денес и утре на повеќе места врнежите ќе имаат пороен карактер во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. 

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, а локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 22 до 30 степени.